Груби за веењето знаме на Голема Албанија во Тетово: Тоа се мали партии со големи комплекси
Вчерашниот настан во Тетово имаше за цел да дефокусира, не е добар ниту за Албанците ниту за Македонците, изјави првиот вицепремиер Артан Груби.
Вели дека ова не е добро особено кога во државата доаѓа висок гостин од Стејт департментот за да ни даде поддршка за европската интеграција.
„Тоа се мали партии со големи комплекси, јас се надевам дека никој од нас, ниту граѓаните ниту институциите, ниту медиумите нема да им дадат можност преку мали гестови да стануваат големи партии. Вакви настани не ни се потребни посебно не кога во нашата држава пристига висок гостин од Стејт департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме вакво нешто, да ја дефокусираме јавноста, тој настан, тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои не и го сакаат доброто ниту на Македонија, ниту на Албанците, ниту на кој било друг и затоа сметам дека треба да ги игнорираме како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои се апсолутно провокација за европскиот пат на нашата земја“, рече Груби.
