Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби за говорот на Иванов: Кога би го ставиле на полиографски тест би изгледало многу шашаво

Груби за говорот на Иванов: Кога би го ставиле на полиографски тест би изгледало многу шашаво

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, го нарече оксиморно денешниот говор на претедателот Ѓорѓe Иванов во Собранието.

ДУИ има над 26 забелешки на говорот на Иванов, но тој посебно се осврна на Законот за јазиците. Иванов, според Груби, треба да даде придонес за општестена кохезија, и за добри меѓуетнички односи. 

„Кога би го ставиле на полиографски тест, за да се дешифрира суштината, тогаш навистина би изгледало многу шашаво, а можеби би функционирало како космодиск демократија, но би го збунил полиграфот за целиот говор, каков што беше и какви што беа пораките“– смета Груби.

Пратеникот вели дека се скандалозни изјавите на Иванов во кои ги спомна Приштина и Косово. Бараат Иванов да се извини за таквите коментари. 

Тиранската платформа беше причина за политичката криза, која прерасна во Уставна, рече во обраќањето пред пратениците претседателот Иванов. 

Слично

Поврзани вести