Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУБИ ЗА ЦРНАТА ЛИСТА ДОЗНАЛ ОД МЕДИУМИТЕ, А ЕВЕ ШТО ИМА ДА КАЖЕ ЗА ТОА: Целосно ќе го разјаснам ова прашање

ГРУБИ ЗА ЦРНАТА ЛИСТА ДОЗНАЛ ОД МЕДИУМИТЕ, А ЕВЕ ШТО ИМА ДА КАЖЕ ЗА ТОА: Целосно ќе го разјаснам ова прашање

Откако вчера беше објавено дека Артан Груби е на црната листа  на САД, се огласи поранешниот вицепремиер на фејсбук.
„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот.

Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.

Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција“,



Слично

Поврзани вести