Груби за целосна употреба на албанскиот јазик - Тие што не го разбираат да го научат
Артан Груби како носител на пратеничка листа во изборната единица еден посочи дека ДУИ ќе се заложи за воведување на албанскиот јазик како службен на целата територија на Македонија и ќе се изедначи неговата употреба со македонскиот на сите нивоа. Кандидатот за пратеник посочи и дека тие што не го разбираат македонскиот јазик ќе треба да го научат.
- Никој нема потреба да се плаши од еднаквоста која доаѓа по 11 декември. На Македонија, ниту на македонскиот народ, ништо лошо не им се случи со промената на Уставот, со Законот за амнестија, Законот за територијална поделба, децентрализација, употребата на албанскиот јазик во многу државни и локални органи, службената употреба на националното знаме, воспоставувањето на двата албански универзитети, вработувањето на околу 25.000 Албанци во администрацијата, со воспоставувањето на орелот во Чаир, како и многу други национални пројекти на ДУИ. Напротив, општеството стана еднакво, потолерантно и кохезивно, па Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ и стана пример за спроведување на мировниот догово - рече Груби.
Токму двојазичноста и дополнителна примена на албанскиот јазик ќе биде еден од столбовите на изборните ветувања на ДУИ која оваа кампања повеќе ќе ја насочи кон националните интереси на албанските гласачи.
