Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби во Вашингтон бара деблокирање на пречките за влез во НАТО

Груби во Вашингтон бара деблокирање на пречките за влез во НАТО

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, ја започна посетата на САД со средба во Вашингтон со конгресмените Дејвид Прајс и Пит Висклоски.

Груби отворено и директно побарал помош од авторитетите на САД за деблокирање на сите пречки што ѝ стојат на патот на Македонија кон НАТО и навел дека директниот придонес на САД е неопходен во овој процес, наведуваат од комисијата. 

„На посебните средби со двајцата конгресмени беше потврдена поддршката на САД за Македонија и потребата за поголем ангажман на САД за Западен Балкан. Конгресмените се заложија за конкретни чекори во Вашингтон во правец на евро-атлантската интеграција на нашата земја“- се вели во соопштението.

Груби претходно во Сенатот присуствувал и на редовниот форум за геополитика на Балканот, каде што учествувале сенаторот Џејмс Инхоф и конгресмените Роберт Адерхолт, Роберт Питенгер, како и многу други високи гости.

Груби исто така се сретнал и со Јан Сурочак, директор на ИРИ за Европа, и со Пол Мекарти, заменик-директор, од кои побарал да ги интензивираат своите програми во Македонија, посебно во правец на градење реформски консензус, како и подигање на демократскиот капацитет на институциите и нивната доверба кај граѓаните.

Слично

Поврзани вести