Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби во Собрание до пратениците: Вие сте деца на Сашо Мијалков и Никола Груевски

Груби во Собрание до пратениците: Вие сте деца на Сашо Мијалков и Никола Груевски

Првиот вицепремиер Артан Груби на денешната собраниска седница за пратенички прашања од говорницата им рече на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се деца на Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Премиерот Димитар Ковачевски беше повикан од опозицијата да даде коментар за аферите кои ги објавуваше опозицијата за Груби во изминатиот период, а наместо него одговори министерот за политички систем.

„Драг премиере, лоповот мисли дека сите се лопови. клептоманот сите ги гледа како клептомани. Децата на Сашо Мијалков и на Никола Груевски знаат најдобро каде е медот за да ги вметнат рачињата.

Да ви одговорам, братот 20 години работи во приватен бизнис со кој немам никаква допирна точка. Договорот е пет пати помал од тој што го кажавте, со хипотекарен кредит на 20 години со физичко лице. За Мерита, зборувате за тендери кој го има објавено амбасадорот на Европската унија и е спроведен од ЕУ. Од ЕУ е купена опремата и ја има донирано на Бирото за метрологија. Вие само што го обвинивте градоначалникот на ЕУ.. Од друга страна Институтот за акредитација, a ne Бирото за метрологија, рече Груби од говорницата.

„Сашо Мијалков и Никола Груевски ви се татковци и се колнете во нив“, рече на крај Груби и порача дека фотографиите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се со „празен калашников играчка“.

Исто како и Груби, и пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, како процедурален одговор денеска во Собранието на сесијата на пратенички прашања го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека „им наредил“ на градоначалниците од оваа партија да не даваат дозволи за зиградба на инвеститори Албанци.

Ваквата реакција на Адеми следуваше откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, го праша премиерот Димитар Ковачевски како ќе реагира на .аферите објавени од опозицијата изминатите денови во врска со првиот вицепремиер од ДУИ, Артан Груби.

Адеми рече дека аферите за Груби објавувани од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период се антиалбанска кампања која може да предизвика војна. Според поранешниот министер за образование, таквата осиуленост ја поттикнал Мицкоски со личните фотографии што ги објавувал од 2001.

- Треба да кажете за вашите расистички изјави кон Албанците  и дали Мицкоски даде наредба на вашите градоначалници да не соработуваат со Албанци, да не им даваат дозволи за градба на сопственици Албанци и да не се легализираат албанските куќи иако исполнуваат услови. Да не зборувам за „рацете во медот“ што го кажа градоначалничката Данела Арсовска и да завршиме со ваквите фабрикувани политики пред Албанците, рече Адеми.


Слично

Поврзани вести