Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Владата ќе го ревалуира текстот на предлог-законот за опојни дроги

Груби: Владата ќе го ревалуира текстот на предлог-законот за опојни дроги

По дискутабилниот начин на кој Владата сакаше да го протне донесување на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци под итна постапка со европско знаменце и наиде на негативни реакции, пратеникот Артан груби вели дека текстот треба да се реевалуира пред гласањето во Собранието.

Ова пратеникот на ДУИ го рече по средбата со потпретседателката на францускиот Сенат Елен Конве-Муре која е во посета на македонското Собрание и која наедно пренесе дека во Париз се работи на новата методологија за проширување која ќе биде понудена на земјите – членки на ЕУ. .

На средбата со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања тие разговарале за политичката состојба во државата, но и во Европската унија. Разговарале и за Законот за јавно обвинителство, законот за опојни дроги кој е во собраниска процедура, како и за други реформски закони кои треба да бидат усвоени и имплементирани до следниот самит во Загреб.

Законот за опојни дроги, како што рече Груби, бил споменат во контекст на употребата на европското знаменце и скратената процедура и за тоа дека е потребна многу поголема дебата за тој закон.

„Како што знаете веќе Комисијата за европски прашања не е веќе матично тело за тој закон, туку е во Комисијата за здравство, која всушност не ја ни започна дебата за тој закон. Мислам дека можеме да дојдеме во ситуација Владата да го ревалуира текстот на предлог-законот“, рече Груби.


Слично

Поврзани вести