Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Верувам дека сите пратеници ќе гласаат „за“ разрешување на Јанева

Груби: Верувам дека сите пратеници ќе гласаат „за“ разрешување на Јанева

Верувам дека сите пратеници ќе гласаат „за“ разрешување на Јанева, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Специјалната јавна обвинителка моментално е во притвор. Таа е осомничена во случајот „Рекет“, по што се поведе постапка за нејзино разрешување. Освен Јанева за овој случај во притвор се и Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Собранискиот претседател, Талат Џафери попладнево го достави извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски. 

Сега Димовски треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка.

Инаку, Јанева си поднесе оставка истиот ден кога Боки 13 и Зоран Милески беа уапсени. 

Слично

Поврзани вести