Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби вели дека никој не се заканувал: Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО

Груби вели дека никој не се заканувал: Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО

Првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ 21 демантира дека некој од власта му се заканувал на Кастриот Реџепи, пратеникот од БEСА, кој со недоаѓањето во Собранието денеска оневозможи да има кворум на седницата за гласање недоверба на Владата.

„Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД, ми беше колега во холандската амбасада, сме работеле заедно и ги знам неговите убедувања, дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел“, рече Груби за ТВ 21.

Тој кажа дека не може да тврди дали некој од СДСМ или ДУИ имал контакт со пратеникот. Вели дека тој не контактирал со пратеникот. 

Слично

Поврзани вести