ГРУБИ СРЕЌЕН И ГОРД ЗА ПОЧНУВАЊЕТО НА РАБОТАТА НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“: „Каков ден, пријатели!“
Првиот вицепремиер Артан Груби вчера посака среќна работа за изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д. Тој беше на терен заедно со американската амбасадорка Анџела Агелер.
Тој, истакна дека е многу среќен и горд што најголемото ветување почна да се реализира.
„Каков ден пријатели, најголемото ветување за најголемиот проект во 32-та годишнина на државата, денеска почна да се реализира, само неколку месеци по потпишувањето на договорот за изградба на Коридорот 8.
Многу сум среќен и горд, истовремено благодарен за можноста заедно со многу соработници да и дадеме живот на најхрабрата инфраструктурна идеја во историјата на земјата.
Среќно!“, напиша тој на фејсбук.
Слично
