Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби средбата на Апасиев со рускиот амбасадор ја поврзува со иницијативата за уривање на Владата

Груби средбата на Апасиев со рускиот амбасадор ја поврзува со иницијативата за уривање на Владата


„Немаме луксуз да се откажеме од европскиот пат и од нашето атлантско партнерство и да дозволиме руски хибридни авантури во северна Македонија“, изјави првиот вицепремиер Артан Груби на КликПлус на ТВ21. 
Тој додава дека политичките партии во Собранието, вклучително и албанските, станале дел од хибридните руски сценарија. Во овој контекст, тој поврзува два моменти. Средбата на претседателот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин и средбата на опозициските партии минатата година на која беше најавено создавање мнозинство од 61 пратеник за рушење на Владата Заев 2. 
„Тоа значи дека ја видовте средбата на господинот Апасиев и неговиот сопартиец Крумов со рускиот амбасадор и агендата што ја имаа при формирањето на коалицијата од 61 пратеник на крајот на декември за рушење на оваа Влада“, рече. Груби.


Слично

Поврзани вести