Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Спектакл на 13 август, местата се ограничени

Груби: Спектакл на 13 август, местата се ограничени

Првиот вицепремиер Артан груби на 13 август, на денот кога е централната прослава од 20 годишнината од потпишувањето на охридскиот Рамковен договор најавува спектакуларен концерт на оперскиот пејач Раме Лахај со македонската филхармонија.
„Спектакл во Скопје со ограничени места поради пандемијата и протоколите пропишани од здравствените власти. Заинтересираните за учество да испратат барање во инбокс или да се јават на: +38923143100. Слободните места ќе бидат пополнети според редоследот на барањата“, објави министерот за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Вчера Груби рече дека 30 милиони денари за прослава на овој јубилеј не е висока цена во однос на придобивките и најави и низа други настани по 13 август.

-Цената е таа, но не мора да значи дека тоа ќе го исплатиме на крај затоа што се работи за настани што ги организираме веќе еден месец, а ќе продолжат и по 13 август. Не се работи само за 13 август, туку за повеќе и ќе видиме на крај кои се трошоците, но секако овој трошок нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор, а тоа траен мир, инклузивно општество, земја во НАТО и со европска перспектива. Во тоа голем удел има и Охридскиот рамковен договор – рече Груби на Канал 5.

Инаку, во петок во Александар Палас ќе се одржи централната прослава по повод 20 години од Рамковниот договор, на која ќе присуствуваат гости од земјава и странство.


Слично

Поврзани вести