Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Со СДСМ победуваме во Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и други големи градови

Груби: Со СДСМ победуваме во Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и други големи градови

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска пред медиумите рече дека очекува предизборната коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ да победи на локалните избори во поголемите градови и во мнозинството општини.

- Ние имавме состанок, помеѓу Заев и Ахгнмети , како и Николовски и јас,. договоравме детали, формата на коалиција ќе наликува како тоа во 2017, фаворити сме во огромен број на општини. Убедени сме во победа во Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и други поголеми градови. Станува збор за комбинирана меѓусебна поддршка, некаде во прв а некаде во втор круг, рече министерот за политички систем на прес-конференцијата по повод поштенската марка за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Пред две недели  имаше средба помеѓу претседателите на СДСМ и ДУИ - Зоран Заев и Али Ахмети на која беше договорена предизборната коалиција.

„Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг“, наведе тогаш Заев.


Слично

Поврзани вести