Груби смета дека оставките нема основ да бидат прифатени
Првиот вицепрeмиер Артан Груби за Телма изјавил дека оставките нема основа да бидат прифатени за случајот во Тетово врз основа на извештајот.
„Го прочитав извештајот и очигледно станува збор за несреќен, трагичен случај и очигледно е дека истрагата го потврди тоа во што се сомневавме дека се работи за трагичен настан во кој, за жал, загинаа многу наши сограѓани. И согласно тоа, мислам дека и одлуките коишто ќе ги донесе премиерот се совпадливи со извештајот и со видувања на Обвинителството“, изјави Груби за ТВ Телма.
Во пожарот во модуларната болница во Тетово загинаа 14 луѓе.
Слично
