Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго

Груби: Ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго

Артан Груби од ДУИ вели дека ситуацијата која е сега во Собранието изгледа ќе трае долго. 

Тој го оправдува блокирањето на Парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој вели  дека такво нешто правеле и ДУИ, но и СДСМ. За пораките на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и на високите претставници на Брисел за кризата, Груби во емисијата „200” го повтори својот став дека кризата во Собранието може да трае подолго од очекуваното, па дури и до четири години.

„Имавме многу пораки од Брисел упатени особено до Иванов и до ВМРО-ДПМНЕ за да се деблокира ситуацијата, за да не се држат во заложништво граѓаните, но и економскиот развој и мирот во земјата. Но, тие се оглушуваат на апелите, бидејќи ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго и не само 2-3 недели како што мислевме на почетокот, туку според однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ова може да трае и неколку години“ - рече Груби. 

Тој посети на периодот кога во Собранието беше блокиран Законот за бранители и тоа од Талат Џафери. 

Слично

Поврзани вести