Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби си заминува во куќен притвор

Груби си заминува во куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот.

Имено, откако утрово КПУ затвор „Скопје“- Скопје, го извести судот дека осомничениот А.Г. од 09:20 часот е спроведен во установата каде што започнал со издржување на мерката притвор, определена со решение од 17 декември 2024 година, а стапува на сила од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, судот за истото го извести Основното јавно обвинителство и по нивно барање издаде наредба за спровод на осомничениот пред Јавен обвинител за негово сослушување. Воедно во текот на денот, одбраната на осомничениот, до судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по истиот.

Обвинителството до судот писмено достави позитивно мислење, а воедно на самата расправа за сослушување и Јавен обвинител предложи определување поблага мерка за обезбедување од претходно определената.

Врз основа на сето тоа судот го сослуша осомничениот во присуство на негов бранител и донесе решение за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, кој што е доверен на Министерството за внатрешни работи, а дополнително определена е и мерка за претпазливост – одземање на пасош и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Со почит, Основен кривичен суд Скопje.

Груби е осомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. 

Слично

Поврзани вести