Груби: Села нека го праша Мицкоски што барал на 27 април во Собрание
Првиот вицепремиер Артан Груби даде саркастичен одговор како коментар на прашањето на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, што барал физички да присуствува во модуларната болница во Тетово кога изгорела.
- Села нека го праша што барал неговиот коалиционен партнер Христијан Мицкоски на 27 април во Собранието, рече министерот за политички систем во Сарај, а лудирајќи на тоа дека на на овој датум во 2017 и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во објектот каде што за малку Села ќе го загубеше животот.
Села во емисијата „24 Анализа“ рече дека го интересира што бараше следниот ден заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница која веќе беше изгорена.
– Кога зборуваме за истрагата, дали тоа значи дека со самиот пристап внатре во забрането место, каде се ставаат ленти и каде не смее никој да има пристап, да има фотографии каде тие се присутни внатре. Дали ова оневозможува на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Дали некои од тие 20 може да фрли нешто за да служи наводно како доказ дека се најде причината за пожарот? – вели Села.
