Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби се сретнал со Весли Кларк, се зборувало за војната во Украина

Груби се сретнал со Весли Кларк, се зборувало за војната во Украина

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека остварил средба со Весли Кларк, поранешниот највисок воен функционер на САД и НАТО.

„Задоволство да го пречекам денес на средба поранешниот генерал на Армијата на Соединетите Американски Држави и поранешен врховен командант на НАТО, г. Весли Кларк“, напиша министерот за политички систем на социјалните мрежи.

Тој додаде дека се зборувало и за воената интервенција на Русија во украина.

„Инспиративен разговор за тридецениското патување на земјата, за миротворните процеси, соживотот, добрососедството, евро-атланското партнерство, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, но и за руската агресија во Украина и потребата од енергетскa независност на земјата и регионот“, додаде Груби.


Слично

Поврзани вести