Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби се „ребрендираше“ за автопатот Прилеп - Битола

Груби се „ребрендираше“ за автопатот Прилеп - Битола

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска се „ребрендираше“ со нова маица со натпис „10Д“ на поставувањето на камен темелник на проектот Коридор 10-д, делница што од Прилеп до Битола ќе ја гради „Бехтел и Енка“.

- Автопатот не може да го спречи ни Мицко, ни Свети Мицко. Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај на заложништвото на граѓаните и на иднината на Република Северна Македонија. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, порача Груби.

Претходно Груби на 4 април „тематски“ се облече во знак на Коридорот 8, кога беше удрен првиот камен-темелник во Тетово.

На настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, потоа Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Ејуп Рустеми, директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Ерик Мајер, вршител на должност на амбасадата на САД во Република Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција, Џастин Сиберел, претседател на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток.


Слично

Поврзани вести