Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби се пофали дека за време на нивното владеење 13.000 Албанци добиле македонско државјанство

Груби се пофали дека за време на нивното владеење 13.000 Албанци добиле македонско државјанство

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на Фејсбук  објави дека за време на владеењето на ДУИ, со македонско државјанство се стекнале 13.000 Албанци.

„Досега, над 13.000 Албанци граѓани на Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка само 2.674 апликации, вклучително и сите други заедници“, објави Груби.

Груби истакнува дека да има и само еден човек без државјанство, а кој ги исполнува условите, ќе добие државјанство.

Премиерот Зоран Заев очекува на почетокот на следната недела да се најде решение за измените и дополнувањата на Законот за државјанство, предложени од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Тој изјави дека многу од дилемите поврзани со измените на законот се решени, а деталите треба да бидат разработени од министерствата за внатрешни работи и за правда.

foto Facebook

Слично

Поврзани вести