Груби се јавувал во ЈО да не отвораат истрага, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека првиот вицепремиер Артан Груби се јавувал во JO да спречи да се отвори истрага за криминалот поврзан со него.
Артан Груби треба да им објасни на институциите како шалтерскиот работник во нивната семејна туристичка агенција отворил компанија за баждарење и за истата добил акредитација од директорката на Бирото за метрологија, која е кадар на ДУИ. Груби треба да им објасни на институциите како истата негова омилена директорка се стекнала со луксузна хациенда на Попова Шапка и истата не ја пријавила во анкетен лист. Патем таа директорка набавила и комбе за 600 илјади евра, односно за три години спровела три сомнителни јавни набавки тешки 2 милиона евра, веројатно затоа што се чувствува заштитена од некој силно позициониран сопартиец. Груби треба да им објасни на институциите дали тој создал октопод околу себе кој се богати, додека народот осиромашува“, велат од партијата.
Но, Груби деновите тврдеше дека не му е јасно зошто „огената група“ во ДУИ е против него и се надева дека недоразбирањата ќе ги решат.
