Груби: Сакам да го донесам Рам Љахај за 20-годишнината од Рамковскиот договор
Првиот вицепремиер и министер за поличитки систем Артан Груби на денешната дебата на „Цивил“ рече дека прави напори да го воведе еден од најпознатите светски тенори Рам Љахај да настапи по повод 20-годишпнината од потпишувањето на охридскиот рамковен договор.
Интересно е тоа што Љахај пред две години настапи пред скопската публика, но само со придружба на пијанист, иако требаше на неговиот концерт да биде наводно ангажиран и оркестарот на МОБ. Наводно, оркестарот под контроверзни околности одбил да настапува. Овој пат, Груби вели дека оперскиот изведувач ќе го има оркестарот на располагање.
- Очекувам да ги поврземе 30 годишнината од независноста на земјата со 20 годишнината од рамковниот договор. Ќе ги поврземе со позитивни настави, концерти, театарска претстава. Го контактирам Рам Љахај, најдобриот светски оперски пејач, да настапи на 13 август.со нашиот оркестар од Националниот опера и балет, рече Груби.
Вицепремиерот рече дека се контактира и со „Колумбија Универзити“ за заедничка академска конференција со Владата.
