Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби повика да не се потпалуваат страстите и да се почитуваат институциите

Груби повика да не се потпалуваат страстите и да се почитуваат институциите

Tреба да се даде простор на целиот процес да излезе вистината на виделина, да веруваме секако со почит кон сите институции, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби за денешното приведување на 36 лица, за насилствата во Собранието од 27 април годинава.

За тоа дали смее да се апсат пратеници, Груби вели дека за тоа треба да се произнесе претседателот на Собранието и претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања.

„Штом ќе се извести Собранието, претпоставувам дека собраниските тела ќе се состанат за да проценат како да се продолжи понатаму“- рече Груби. 

Груби рече дека не треба да се потпалуваат страстите и дека треба да се почитуваат институциите.

„Да дадеме придонес кон смирување на ситуацијата и излегување на вистината на виделина за тоа што се случило“- рече Груби.

Полицијата денеска приведе 36 лица за насилствата во Собранието. Меѓу нив се и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи Митко Чавков, како и дел од организаторите од иницијативата „За заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, поранешниот директор на МОБ, оперскиот пејач Игор Дурловски и Богдан Илиевски.

Слично

Поврзани вести