Груби потсети како државата ќе се избори со тенденциозно нарачана селективност
Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на Фејсбук вели дека понудиле ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се борат против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност.
„Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика“, пишува Груби.
За ветинг и претходно се говореше, а како земја која тоа го спровела се споменуваше соседна Албанија.
Се очекува одлука дали специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева ќе оди во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.
Слично
