Груби посака среќна работа на „Бехтел и Енка“, на граѓаните им порача дека можат да аплицираат за работа
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска посака среќна работа за изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д. Тој беше на терен заедно со американската амбасадорка Анџела Агелер.
Вели дека ова е новиот автопат кој води до Кичево. Тој честиташе и посака успешна работа на конзорциумот „Бехтел и Енка“. Рече дека на најтранспарентен начин ги прават работите и ги повика граѓаните да аплицираат за работа, затоа што се потребни работници. Амбасадорката на САД, Анџела Агелер вели дека овој пат ќе биде од голема корист за граѓаните.
Слично
