Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби појасни што треба да се направи при евентуалното оспорување на патот кој води кон НАТО

Груби појасни што треба да се направи при евентуалното оспорување на патот кој води кон НАТО

Пратеникот и организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција, Артан Груби денеска на средба со шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија,  Зоран Јанковиќ рече дека НАТО и ЕУ се апсолутен приоритет на ДУИ, Албанците и сите други граѓани во Македонија, затоа никој не треба да го оспори овој процес. 

„Евентуалното оспорување или загрозување на овој процес од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијансата на Албанците во ниту еден случај не треба да го ставаат под прашање успешниот завршеток на еден волку голем и важен процес, не само за Македонија, туку и за Југоисточна Европа, затоа што за овој процес одговорност носиме сите“, изјави Груби.

Тие разговарале и за актуелната ситуација во Македонија, со посебен акцент на зачленувањето на земјата во НАТО.

Груби вели дека ДУИ во целост го поддржува процесот за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ како конкретен придонесувач за постигнување на Преспанскиот договор, наведуваат од партијата. 

Алијансата за Албанците ќе гласа за измените на Уставот. Ова доаѓа по средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села попладнево. Заев изјави дека прифатил некои од барањата на Села, односно од преамбулата на Уставот ќе се избрише делот „дел од граѓаните коишто живеат во границите“  Албанци, Турци…

Заев објасни дека според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и дека со бришењето на зборовите „коишто живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјава.

Премиерот рече дека од преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува.

Слично

Поврзани вести