Груби подготвен да сведочи за кумановските настани
Високи претставници на ДУИ кои беа посочени дека бидат викнати како сведоци во кумановскиот случај, имаат различни ставови. Некои се децидни дека нема да сведочат, а некои велат дека уште не добиле официјална покана, објави АлсатМ.
Поранешниот вицепремиер Муса Џафери и натаму останува недостапен за да каже дали ќе се појави или не како сведок. Единствено шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби е подготвен да учествува на судското рочиште ако одбраната побара нешто такво, за да го даде својот придонес-правдата да излезе на виделина.
„Јас сум подготвен за да бидам во служба на правдата, ако било која од страните во процесот го смета за корисен и за помош мојот скромен придонес“ - вели Груби.Адвокатот Насер Рауфи, на вчерашното рочиште за обвинетиот Сулејман Османи
во врска со настаните од 9 и 10 мај минатата година во Дива Населба, истакна дека
сведочењето на овие лица е важно, бидејќи биле вклучени во настаните во Куманово.
