Груби: Поддршка има од секаде, спорот со Грција е веќе решен
Пратеникот од ДУИ Артан Груби по престојот во САД каде се сретна со повеќе конгресмени и американски функционери тврди дека поддршка има од секаде и дека спорот со Грција практично веќе е решен, па сега ќе се договорат и сите детали.
Подршка од владата на САД доаѓа и за реформските цели и внатрешната консолидација на институциите. Груби осочува дека позитивните сигнали што доаѓаат од Вашингтон треба да се искористат.
– Подршка доаѓа од секаде, од Стејт департментот, од Белата куќа и од Пентагон. Затоа Македонија треба час поскоро да ги реши сите отворени спорови со соседите и да ја запечати својата евроатлантска иднина. Ова е наша година и можеме да успееме во тоа – изјави Груби.
Според него, спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни.
– Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство – истакна Груби.
Тој за МИА изјави дека имал упешни средби со 13 конгресмени и сенатори и бил во работна посета на специјалниот советник на заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, на помошникот заменик на државниот секретар за одбрана Лаура Купер, и се сретнал со Вес Мичел, новиот заменик на државниот секретар за Европа и Евроазија, кој дојде на местото на Ји Хојт.
