Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби по Приштина, оди во Тирана на средби за пописот

Груби по Приштина, оди во Тирана на средби за пописот

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по посетата во Приштина, денес и утре ќе престојува во Тирана, каде како што известуваат од неговиот кабинет, една од целите на посетата ќе биде и попишувањето ан дијаспората.

Груби во Тирана треба да се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.

„Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на Попис во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Груби треба да оствари посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.


Слично

Поврзани вести