ГРУБИ ПЛАТИ КАЗНА ОД 500 ЕВРА ЗА РОДЕНДЕНСКАТА ПРОСЛАВА БЕЗ МАСКИ: Тој му ја платил и казната на лидерот Ахмети
Првиот
вицепремиер Артан Груби, во синоќешната емисија „Клик Плус“ на ТВ 21 призна
дека неговата казна во износ 500 евра и дополнителни 20 евра, како и казната на
лидерот на ДУИ, Али Ахмети од 20 евра, ги платил токму тој.
Тој е казнет со 500 евра, како што објави Телма, од страна на Државниот инспекторат за труд, бидејќи по завршениот надзор е утврдено дека со прославата на роденденот на Ахмети, Груби како организатор го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести и дозволил прослава без маски.
- Јас ја платив казната на Али Ахмети, другите сите сами си платија. Десет минути пред да се сликаме беше и Зоран Заев. Грешка беше. Беше еуфорија. Како сите граѓани и ние сме еднакви пред законот и си плативме казна, истакна Артан Груби во емисијата на ТВ 21.
