Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби открива зошто ДУИ решиле ВМРО-ДПМНЕ да го пратат во опозиција, а Груевски во политичка пензија

Груби открива зошто ДУИ решиле ВМРО-ДПМНЕ да го пратат во опозиција, а Груевски во политичка пензија

Функцинерот од ДУИ Артан Груби во емисијата на Топ телма открива зошто ВМРО ДПМНЕ решиле да го пратат во опозиција а екс премиерот Груевски во политичка пензија.

Според Груби клучна причина да му свртат грб на Груевски било тоа што ВМРО ДПМНЕ не сакале продолжување на андатот на СЈО, тргање од листите на сите осомничени за криминал и функционално владеење на правото.

„Не можевме да се идентификуваме со партнер што се однесува вака со нашите најблиски сојузници и пријатели во меѓународната заедница“, дополни Груби додавајќи дека кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го доби мандатот немал зад себе ниту еден состанок со ДУИ.

„Ние разговаравме со ВМРО-ДПМНЕ од првата до последна точка на многу неконвенцијален начин, зошто немавме преговори. Имавме размена на мислења околу сите точки, вклучувајќи ги и тие од декларацијата. Успеавме да дојдеме до некаков заеднички производ кој беше оценет потоа како недоволен поради што решивме да го пратиме Груевски во политичка пензија, а ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, рече Груби.

Дамјан Манчевски од редовите на СДСМ пак вели дека неговата партија нема да дозволи „циркусот во Собранието да продолжи“, и додаде дека мнозинството ќе ја преземе одговорноста и ќе формира влада.

Слично

Поврзани вести