Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Од ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен истиот закон за јазици во 2017

Груби: Од ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен истиот закон за јазици во 2017

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ на 29 јануари 2017 година беше прифатен истиот закон за јазици, вели пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се работи за истиот текст, но не објаснуваат во што е разликата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не открива дали и како ќе се постапува по 35.569 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците во трето читање, кој се наоѓа на дневниот ред на денешното продолжение на 32-та седница.

„Ќе решиме на лице место“, изјави  Џафери.

Извори од ДУИ сметаат дека законот треба да се гласа без воопшто да се отворат амандманите. Иако засега не е јасно дали ќе има гласање, новина е што на работната маса на Џафери е поставен мини-заштитник кој треба да оневозможи обид некој да му ја одземе пратеничката картичка, како што имаше случај во изминатите месеци. Има ли спикерот формула за повторно изгласување на законот, откако претседателот Иванов не го потиша указот, со оценка дека е противуствен? Според пратениците - нема!

Согласност со опозицијата за повлекување на амандаманите или за нивно групирање, не е постигната. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата останува на ставот дека законот е неуставен и треба да биде повлечен. Во мнозинството тврдат дека законот е уставен, но ако постои дилема за тоа е надлежен Уставниот суд.

Ваквиот став го повтори и премиерот Заев.

„Законот треба да се донесе во Собранието, па кој смета дека не е уставен да го оспори пред Уставниот суд, а не да се блокира Собранието пред вакви важни моменти за изгласување еден куп реформски закони од кои зависи европската иднина на Македонија“, порача завчера Заев.

Од парламентарното мнозинство сметаат дека претседателот на Собранието, сепак, нема да ја отвори расправата за јазиците без претходно да има договор со опозицијата. Според нив, денеска најверојатно ќе се расправа за други закони кои минатиот пат не биле изгласани, а потоа ќе се премине на закажаното продолжение на 11-тата седница, на чиј дневен ред е предлог- законот за изменува на Законот за заштита од пушењето. Тврдат дека е најдобро усвојувањето на Законот за употреба на јазиците да се одложи за април или мај, сега да им се даде приоритет на реформските проекти, а во меѓувреме да се работи на усогласување на ставовите со опозицијата.

Слично

Поврзани вести