Груби од Преспа форум: Цел живот ми помина со конфликти
- Откако знам за себе, целиот мој живот е поминат во конфликт. Откако знам за себе, има неволји и никогаш нема здодевен момент на Балканот. Тито умре, распадот на Југославија траеше речиси 20 години со војни во Словенија. Хрватска, БиХ, Косово и Македонија. Нерешени прашања меѓу сите наши земји остава рана која не се лечи и тоа е извор на очај. Исто се извор на политичка манипулација и оддржување моќ. Измислувањето непријатели се покажа како продуктивен начин за да се дојде до власт и да се задржи. Живеевме во страв дека Албанците ќе ја одведат земјата во друга насока, се додека не бевме присилени да бидеме храбри и да ги победиме стравовите. Војната ја завршивме со мировен договор што ја направи земјата лојална кон своите граѓани. Резултатот беше граѓаните да ја возвратат лојалноста кон граѓаните, рече денеска Артан Груби во својот говор на третиот Преспа форум за дијалог, кој годинава се одржува во Струга.
Како што рече тој, „живеевме во страв дека Грците ќе ни ја одземат историјата и дека тоа ќе биде армагедон, а сега живееме во страв дека Бугарите ќе не асимилираат во 21-от век“.
-Нашата опозиција во земјата извлече полза од нивната агенда за грабење моќ. Никој од нас не изгуби ништо со Охридскиот рамковен договор, ниту со Преспанскиот договор, ниту од Договорот со Бугарија. Сите ние сакаме иста работа и потребен е еден дополнителен чекор, рече министерот за политички систем.
Груби на сесијата „Помирување и демократија како катализатори на промените на Балканот“ се осврна и на актуелната политичка ситуација во земјава.
-Ги прифативме сите желби и предуслови на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и дури отидовме неколку чекори понатаму. Понудивме наши оставки и денес пред вас изјавувам дека бараме да се отстрани нон-сенс Пржинската влада. Се прашувам дали има друга желба? Видовме дека нашата опозиција нема проблем со уставните измени и вклучувањето на Бугарите, рече тој.
