Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Од почит бев дел од делегацијата на споменикот на „Тигрите“

Груби: Од почит бев дел од делегацијата на споменикот на „Тигрите“

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска присуствуваше на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната анти-терористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден. Вели дека присуствувал на настанот од почит и дека не било тенденциозно тоа што не се поклонил на споменикот на загинатите припадници на оваа единица.

– Тенденциозни се известувањата. Да не сакав да оддадам почит немаше да прифатам да бидам дел од делегацијата. Тука сум затоа што е време за помирување кога веќе одбележуваме 20 години од конфликтот и од Охридскиот рамковен договор – изјави Груби.

Министерот за политички систем беше дел од делегацијата претставувана од државниот врв, а исто така имаше поканети и други политичари и личности од јавниот живот.


Слично

Поврзани вести