Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Нема жив штит пред кабинетот, Џафери дава административни насоки

Груби: Нема жив штит пред кабинетот, Џафери дава административни насоки

Информацијата дека пред кабинетот на претседателот на Собранието има жив штит од пратеници на ДПМНЕ ја демантира Артан Груби од ДУИ. Тој вели дека новоизбраниот собраниски спикер е на работа во Собранието.

Груби изјави дека пратениците на парламентарното мнозинство, заедно со претседателот Талат Џафери, ги вршат своите административни работни обврски.

„За да се врати во функција Собранието, господин Џафери, во нормална работна атмосфера, ги даде потребните административни насоки“, вели Груби.

Извор: slobodnaevropa.mk


Слично

Поврзани вести