Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Не сум бил во Будимпешта, би сакал да одам, но не да видам некого таму

Груби: Не сум бил во Будимпешта, би сакал да одам, но не да видам некого таму

Вицепремиерот Артан Груби вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека новиот Кривичен законик се подготвува долго и не знае дали ќе биде готов за овој парламентарен состав. 

Груби вели дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ можеби и ќе гласаат за уставните измени.  Тој потсети дека и во минатото партијата говореше едно, но потоа испаѓало поинаку. 

„Не сум бил никогаш во животот во Унгарија, не сум бил во Будимпешта, би сакал да одам, но не да видам некого таму“, рече тој, мислејќи на екс премиерот Никола Груевски кој е азилант во Унгарија. 

Toj кажа дека нула денари се исплатени од државата кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ за пенали, за што говореше опозицијата.  Тој кажа дека тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги повика граѓаните да аплицираат за работа во „Бехтел и Енка“. 

Слично

Поврзани вести