ГРУБИ НЕ Е ВО ЗЕМЈАВА: Дали ќе се врати?
Откако во јавноста беше објавено дека Артан Груби не е во земјава, со што почнаа да се шират и информации дека наводно избегал заради истрагата која се води против него за корупција, се огласи поранешниот вицепремиер на социјалните мрежи.
-Почитувани, денеска патував за приватна посета.
Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате.
Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување.
Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство, напиша тој.

Слично
