Груби: Не е фер да се држи во заложништво иднината на нашите деца
Oва е за нашите деца. Да се владее значи да се направи избор, кажа пратеникот од ДУИ, Артан Груби пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата за предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името.
„Ние го направивме заедно изборот – Македонија цела суверена евроатланстка Македонија. Референдумот за независност дали беше лесен? Дали беше лесно 2001 да се потпише Рамковен договор и да се смени Уставот? Размислете дали тоа било правилно, ако сега јас како Албанец се борам за евроатлантска Македонија. Не треба да се двоумиме дека овој договор е прав чекор и права одлука. Жалам што опозицијата не е тука. Се надевам утре ќе се вратат и ќе учествуваат на седница“- рече Груби.
Тој вели дека не е фер да се држи во заложништво иднината на нашите деца. Историјата ќе цени дали била правилна одлука, кажа Груби.
