Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Мораме да го решиме и прашањето со Бугарија

Груби: Мораме да го решиме и прашањето со Бугарија

Вчера имав долг разговор со Заев и денеска ќе имаме средба за новото мнозинство, вели првиот вицепремиер Артан Груби. 

Додаде дека сите партии кои се проевропски треба да станат дел од парламентарното мнозинство.

„Мораме да го решиме и прашањето со Бугарија и да започнеме преговори за членство во ЕУ“, рече Груби. 

Според него, не треба да се дозволи да се загрози европската иднина на Македонија. Минатата недела премиерот Зоран Заев се сретна со Африм Гаши од Алтернатива, но не постигнаа договор дали тие ќе влезат во новото мнозинство, и разговорите продолжуваат неделава. Претходно, имаше иницијатива за гласање доверба на Владата, но воопшто не се гласаше бидејќи пратеникот Кастриот Реџепи не се појави на седницата. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести