Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Лажните вести произведени од албанската опозиција ги поткопуваат преговарачките позиции на ДУИ

Груби: Лажните вести произведени од албанската опозиција ги поткопуваат преговарачките позиции на ДУИ

Артан Груби од ДУИ вели дека сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ. 

Тој се огласи откако  Канал 5 објави дека договор за формирање на нова Влада е постигнат и дека дел од ресорите се распределени.

Груби вели дека ваквите лажни вести се лиферувани од страна на албанската позиција, а со тоа им ги нарушуваат позициите на ДУИ во преговорите.

„Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните“, вели Груби за Коха.

СДСМ во целост ја демантираше објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

Слично

Поврзани вести