Груби: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива е „Коалиција 27“
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска постигнатиот договор за коалицирање пред локалните избори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива ја нарече „Коалиција 27“, алудирајќи на настаните во Собранието на 27 април 2017.
- Популарно, социјалните мрежи ја нарекоа „Коалиција 27“, затоа што беше постигната на 27-ми овој месец и наликува на еден друг историски неславен 27-ми. Јас им посакувам многу успех и се надевам дека симпатизерите на Алијанса и Алтернатива ќе гласаат за Никола Груевски, а гласачите на ВМРО-ДПМНЕ за Зијадин Села низ сите тие општини каде што ќе се натпреваруваат, рече Груби.
Министерот за политички систем рече дека ниту едните , ниту другите членови од коалицијата не се многу среќни за постигнувањето на овој договор. Тој ги повика страните да го објават овој договор и јавноста да види што има во него.
