Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби ја закажа седницата, ќе се дискутира и за „Планот Б“

Груби ја закажа седницата, ќе се дискутира и за „Планот Б“

Претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието, Артан Груби, за денеска закажа седница на која ќе се дискутира за предлог законот за јавно обвинителство, но и за предлог законот за изменување и дополнување на законот за Советот на јавни обвинители во Република Северна Македонија.

Второто законско решение треба да го разгледа Комисијата за европски прашања, а министерката за правда Рената Дескоска наведе дека овој предлог ќе биде „планот Б“ преку кој же се продолжи живото на Специјалното јавно обвинителство доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за законот за јавно обвинителство.

Овој закон, со кој треба да се продолжи мандатот на СЈО, ќе се носи по скратена постапка и се очекува за него да се гласа до 15 септември. Пратеникот Антонио Милошоски вчера во интервју за „Фактор“ најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 20 аргументирани амандмани како забелешки за истиот.

Слично

Поврзани вести