Груби ja поздрави ратификацијата на Собранието: Од следната година една гранична точка со Косово
Првиот вицепремиер Артан Груби ја поздрави рафификацијата од страна на Собранието на владиниот предлог за заедничка гранична точка на Македонија и Косово.
„Крајот на годината носи уште една добра вест за отстранување на бариерите кои го попречуваат нашето прекугранично движење.
Собранието вчера го ратификуваше предлогот на Владата за отстранување на границата со Република Косово преку формирање на заедничка контролна точка со взаемна апликација и база на податоци.
Регион без граници придонесува за општ развој, меѓусебно почитувсње, отстранување на предрасудите, добрососедство и побрзо отворање кон заедничкиот Европски хоризонт“, искоментира Груби.
Македонија во моментов има концепт на заеднички One stop shop со Србија и Албанија.
Слично
