Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби ја одложи седницата за второто читање на Законот за јазици

Груби ја одложи седницата за второто читање на Законот за јазици

Седницата која беше закажана за утре во 15 часот е одложена, информира од Комисијата за европски прашања.

„Претседателот на Комисијата за европски прашања (КЕП) на Собранието на Република Македонија, пратеникот Артан Груби ја одложи шестата седница на КЕП, на која на дневен ред беше второто читање на Законот за употреба на јазиците“ – пишува во соопштението од КЕП.

Терминот кога таа ќе се одржи дополнително ќе се утврди. 

Вкупно 90 амандмани се поднесени за Предлог-законот за употреба на јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието до завршувањето на рокот.

Најмногу 84 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ четири и БЕСА два.

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера во Скопје изјави дека овој закон за ЕУ не е приоритетен и дека треба да се работи на другите реформи. 

Слично

Поврзани вести