Груби: Изет Меџити може да биде лидер на ДУИ, има искуство
Ден откако Изет Меџити објави дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, неговата постапка ја коментираше Артан Груби, првиот вицепремиер. Тој вели дека тоа е негова лична одлука и дек ај апочитува. Сепак додаде дека на последниот состанок се согласиле дека поддржуваат политиките на ДУИ.
„После таа средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа изјава“, рече Груби.
На прашањето дали Меџити може да биде наследник на Ахмети на чело на ДУИ, Груби одговори:
„Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети“, рече Груби.
Тој не сакаше да коментира ништо дополнително во врска со судирот во партијата.
Изет Меџити вчера со писмо го информира претседателот на Собранието Талат Џафери дека се повлекува од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, а како причина ги наведува случувањата во, како што вели, албанската политика и во неговата партија.
