Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби и Жерновски први ја честитаа ратификацијата на Преспанскиот договор

Груби и Жерновски први ја честитаа ратификацијата на Преспанскиот договор

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и пратеникот Артан Груби први ја честитаа ратификацијата на Преспанскиот договор од 153 пратеници во грчкиот парламент.

- Во животот е потребна храброст и одлучност, особено во политиката. Потребно е преземање ризик на сметка на сопствениот рејтинг. Потребно е лидерство и визија, грижа за идните генерации. Овие одлики ги прават различни добрите од лошите политичари. Овие се одликите на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Меѓусебната соработка и доверба, но и истите вредности на двајцата премиери ставија крај на долгогодишниот спор. 
Ова е тектонско поместување на политиките на Балканот и ставање крај на децениската меѓусебна омраза и национализам. Нека ни е со среќа ратификацијата, која ширум ги отвора вратите на НАТО и ЕУ. Обезбедивме просперитетна и безбедна иднина за нашите деца!, напиша Жерновски на својот профил на Фејсбук.

Веднаш се придодаде и Груби со краток коментар.

- 153 ЗА во Грчкиот парламент. Ч Е С Т И Т К И. History in the making..., гласеше коментарот на Груби.


Слично

Поврзани вести