Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби го искоментира пописот и процентот на Албанци

Груби го искоментира пописот и процентот на Албанци

Колку проценти се Албанци, ќе покаже пописот кој се надевам ќе тече на најдобар можен начин, а гаранција за тоа се сите политички партии застапени во Собранието, освен една, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во вечерашното гостување на телевизија Телма. 

Тој рече дека апсоултно не постои никаков политички договор за некакви бројки меѓу СДСМ и ДУИ или меѓу лидерите Али Ахмети и Зоран Заев. Врзаниот потпис, потенцира Груби, воопшто не е политизација на пописот.

Потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група, Изет Меџити вели дека нема дилеми за бројот на Албанците, тие на пописот ќе бидат над 25 отсто.

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, неодамна ијзави дека застапеноста на етничката заедница на Албанците во Македонија на пописот на населението што ќе се организира во април ќе изнесува 28,5 отсто.

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Слично

Поврзани вести