Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби ги покажа двојазичните полициски униформи: Успешно завршена мисија

Груби ги покажа двојазичните полициски униформи: Успешно завршена мисија

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека изменетата уредба со која стапи во сила двојазичноста на полициските униформи и амблеми во Скопје и во општините каде што над 20 отсто живеат Албанци, веќе се спроведува во пракса.
„Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме! Веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница“, напиша Груби на Фејсбук и објави фотографии.
На 24 март стапи во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.


Слично

Поврзани вести