Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби е законски чист по опожарувањето на возилото?

Груби е законски чист по опожарувањето на возилото?

Државната комисија за спречување на корупција не може да отвори постапка за скриен имот на Артан Груби, откако автомобилот кој беше опожарен утрото на 22 јули излезе дека не е во сопственост на првиот вицепремиер, туку на име на лице со иницијали Б.Л.

„Не, бидејки возито е во сопственост на друго лице. По овие важечки закони, толку. Уште еднаш укажувам дека е неопходно донесувањето на Закон за потекло на имот, што ќе важи за сите граѓани и ќе наметне обврска да го пријават имотот но и изворот на средствата со кои го купиле тој имот“, се огласи денеска Ивановска.

Од Обвинителството пак одговориле дека надлежен орган за следење на имотот на функционерите е ДКСК.

Во саботата беше запалено возилото на вицепремиерот Артан Груби. Запаленото „ауди“, според него, не е негово, туку на пријател.  Повеќе институции и политички организации синоќа испратија соопштние во кое го осудија, палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби.


Слично

Поврзани вести