Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Движењето БЕГА е дел од регресивната опозиција со ВМРО-ДПМНЕ

Груби: Движењето БЕГА е дел од регресивната опозиција со ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Арбан Груби ја поздрави новата владина програма на која ќе и даде целосна поддршка и смета дека таа е одличен крај на досега најдлабоката и најопасната политичка криза во Република Македонија, а упати жестокот критики кон БЕСА која сега е дел од регресивната здружена опозиција.

- Оваа владина програма ветува интеграција во ЕУ и НАТО, длабоки реформи во владеењето на правото со препораки на меѓународната заедница, ветување заокружување на Рамковниот договор, поголема рамноправност, социјална благосостојба, подобрување на стандардот и отворање на нови работни места. Оваа програма не е случајна, затоа што произлегува од потребите и волјата на граѓаните на РМ и е олицетворение на барањата на сите коалициони партнери, па затоа не гледам зошто не би поддржале ваква обединета влада, говореше Груби.  

Артан Груби ги прекори пратениците на движењата БЕСА кои се порамниле со интересите на Москва, Техеран и останатите кои не и мислат добро на Македонија, а не на меѓународните пријатели од ЕУ и НАТО. Тој смета дека сега тие се нови партнери на ВМРО-ДПМНЕ во новата регресивна обединета коалиција.

Груби рече дека народот субјектот БЕСА веќе го нарекува Движењето БЕГА затоа што не гласале за првиот Албанец претседател на Собранието и му посочи на Милошоски да не се смее затоа што тие се нивните нови коалициони партнери. Говорот го заврши на македонски јазик велејќи дека ќе се залагаат за една и унитарна Македонија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести